Човекот кој имал 256 години, пред смртта одлучил да проговори за големата тајна

Ова не е шега, тој навистина постоел.

Запознајте го Ли Чинг Јуен, човекот кој живеел неверојатни 256 години, нешто што го потврди и самиот Њујорк тајмс.

Доказите за долговечноста на овој човек се наоѓаат на страниците на споменатиот весник, според кој, професорот Ченгд од универзитетот Ву Чунг Чијех, пронашол докази дека Кинеската царска влада во 1827 година, му го честитала 150 роденден на Ли Чинг Јуен, а потоа истиот документ во 1877 година, кога повторно е пронајден, пишува дека му се честита 200 роденден и каде многу негови сограѓани сведочат за неговата долговечност.

Според нивното сведочење, пронајдени во архивите на кинеската влада и медиуми, Ли Чинг Јуен, својата кариера на хербалист ја започнал кога имал само 10 години. Тој собирал и ги проучувал билките за долговечност и потенција и ги применувал нивните благодети врз себе. Цели 40 години, тој преживувал на билки како што се лингзи, бубинки, див џинсенг, гота кола и многу други, а истовремено редовно пиел вино.

Во својата 71 година, поточно во 1749 година се приклучил во кинеската војска, каде подучувал боречки вештини. Се женел дури 23 пати и имал преку 200 деца.

Научил да чита и пишува во добата од 10 години кога тргнал на пат низ Канс, Шанси, Тибет, Анама, Сијама и Манџурија, собирајќи и проучувајќи ги билките. Првите 100 години го работел ова, за да потоа премине на продавање на билки кои други му ги собирале, пишува world.parhlo.com.

Според еден од неговите потомци, постоел дури уште еден постар човек, кој живеел дури 500 години, а кој Ли го научил на техниките на Чи Кунг кој се користат во кинеската медицина и претставуваат координација на различни шеми на дишење со разни физички ставови и движења на телото.

На својата смртна постела Ли изјавил само едно.

„Направив се што можев за овој свет“.

Оваа реченица многумина ги наведе да се запрашаат, што е тоа што овој неверојатно долговечен човек сакал да го каже. Дали сите тајни на долговечноста се наоѓаат во природата и во нас самите.

Кога го запрашале кој е неговиот рецепт за долговечнсота, тој изјавил:

„Нека срцето ви биде мирно, седете мирно како желка, одете исправено како пингвин и спијте како куче.

Ли со ова мислел токму на одржувањето на мирот и рамнотежата во умот, на редовното вежбање на техниките на дишење и користењето на билките кои нашиот организам го прават поздрав и поиздржлив.

 

 

Scroll to Top