Час ја гледаш, час не – најдобриот мурал на светот

 

Хавајскиот уметникот Шон Јоро го насликал ликот на својата сопругата со кренати раце кон небото во канадскиот залив Фунди.  Во моментите кога водата надоаѓа ликот исчезнува, и повторно се појавува кога водата ќе се повлече.

Оваа несекојдневна слика се менува секојдневно во однос на плимата и осеката.

Јоро е познат и под псевдонимот Хула, а често слика на ѕидовите на речните или морските пристаништа. Ликовите кои ги слика најчесто се женски.

За цртежот на сопругата му биле потребни девет дена.

Scroll to Top