Египетските археолози открија гробница која датира од периодот помеѓу 16 и 11 век пред нашата ера. Гробницата е од кралски златар и во неа се пронајдени саркофаг, мумии од жена и нејзините две деца, накит и дрвени маски. Оваа стара гробница е пронајдена во градот Луксор, 700 километри јужно од Каиро.
Според археолозите, трите пронајдени тела се добро сочувани. Мајката починала во 50-тите години од својот живот и боледувала од заболување на коските, а нејзините синови починале во својата 20-та, односно 30-та година од животот. Гробницата се наоѓа на местото каде што се погребувале државниците и благородниците.