Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука во исто време да ги избере домаќините на Олимписките игри за 2024 и 2028 година. Не е големо изненадување што „победници“ се Париз и Лос Анџелес.
Претседателот на МОК, Томас Бах, изјави:
„Ова ќе обезбеди стабилност за Олимписките игри и спортистите во следните 11 години.“
Челните луѓе на МОК се решија на ваков чекор поради намалената заинтересираност на градовите низ светот да бидат домаќини на Олимпијадата.