Во март 2017 година, една жена се пријавила во болница во Барнаул место во Западен Сибир. Таа била во 41 недела од бременоста, а до тогаш ниту еднаш не посетила доктор. Причината била недоверба кон целата медицинска индустрија.
По прегледот, докторите откриле нешто шокантно. Жената имала вонматерична бременост која е навистина опасна по животот на трудниците и плодот. Таа веднаш била однесена на операција.
Кога хирургот го извадил бебето се случило чудо, тоа било живо и немало никакви последици, а било тешко 4 килограми.
Гордата мајка ја нарекла својата ќеркичка Вероника, што значи победа, а нејзината приказна станала навистина популарна во Русија.
По оваа приказна жената рекла дека ако некогаш повторно забремени, редовно ќе оди на прегледи.