Американскиот студент Ото Вормбир, кој починал по 17-месечно заложништво во Северна Кореја, немал знаци на мачење на телото и починал поради недоволен доток на кислород во мозокот, пишува во извештајот на обдукцијата објавен во средата.
Неговата смрт на 19 јуни била последица од непозната повреда што се случила една година претходно, изјави патологот Лакшми Самарко од Хамилтон во сојузната држава Охајо на конференцијата за новинари.
„Не знаеме што му се случило, и тоа е тоа“, изјави Самарко.
Обдукцијата покажала дека не бил мачен
Не е спроведена целосна обдукција туку само е прегледан надворешниот дел на телото на кој нема никакви знаци на мачење.
Неговите родители тврделе дека е мачен и дека забите му се преместени со клешти. Патологот изјавил дека немало такви знаци затоа што немало скршеници на коските. Забележани се лузни во најголем дел на десното стапало.
Северна Кореја тврдела дека неговите здравствени проблеми се последица на ботулизмот и земање таблети за спиење и го отфрли тврдењето за мачење.
Го украл пропагандниот плакат
Вормбир починал неколку дена откако е вратен во САД.
Тој поради земање пропаганден плакат од хотелот бил уапсен на аеродромот во Пјонгјанг додека се подготвувал да ја напушти Северна Кореја. Осуден е на 15 години тешка работа.
Да потсетиме, оваа вест доаѓа откако родителите на американскиот студент гостувале во две емисии на американските телевизии, каде говореле дека нивниот син е мачен во Северна Кореја и дека смртта настапила како последица на тешка тортура на која бил изложен.