Истата е и позната по тоа што на многумина им покажа дека луѓето во војна, кога животите им зависат од соборците, престануваат да гледаат на тоа кој каква боја на кожа има. Важен е само животот како таков.
Околностите под кои оваа фотографија настанала не се строго врзани за нејзината смисла. Се случила за време на масакрот во Ми Лау, кога припадниците на американската војска извеле напад врз од 347 до 504 вооружени виетнамски цивили, меѓу кои имало мажи, жени, деца и бебиња. Некоо жени биле масовно силувани од поголем број ојници.
Во тек била севернокорејската Тет-офанзива во која учествувале четата Чарли 1, баталјон 20 од пешадискиот пук на 11. бригада и од 23. пешадиска дивизија. За неколку дена загинале преку 40 американски војници од замки или нагазни мини. Американската војска имала намера да уништи сè пред себе, тргнала кон селото во кое, како што верувале, се криел главниот 48. баталјон на Виетконг, чиј напад на Кван Нај претходно бил одбиен. Американците биле многу нервозни и бесни, не можеле да ги разликуваат виетконговските војници од цивилите и од искуство знаеле дека им се заканува опасност од сите страни, иако подоцна тоа не било оправдување туку само објаснување. Била спроведена истрага, а документирано е сè што се случувало. Само еден човек бил осуден на доживотен затвор, иако одлежал само 3.5 години во домашен притвор.
Црнецот во средината на фотографијата бил од редот 1. класа, Херберт Картер, кој случајно си пукал во нога додека го менувал шаржерот на својот пиштол, поради што морал да биде евакуиран за да му се укаже медицинска помош.
Го изнеле војникот од редот 1. класа Мауро и специјалистот од 4. класа Фредерик Видмер. Картер подоцна тврдел дека намерно си пукал во нога за да не се најде во ситуација некој да го натера да учествува во масакрот врз цивилите (оние кои се обиделе да го спречат масакрот веднаш биле жигосани како предавници, а биле рехабилитирани дури на крајот на деведесеттите), додека Видмер во својот исказ навел дека наводно сè уште го прогонува сликата од мало момче на кое пола рака му била разнесена со граната, и додека го гледал се прашувал „што направив, што се случува?“ (момчето потоа го убил).
Во секој случај, можеби никој од тројцата во крупен кадар на оваа фотографија не бил и не е добро човечко суштество (рака на срце, Картер можеби ја говорел вистината, а Мауро не се споменува како воен злосторник). Но, како што и претходно напишавме, импликацијата на оваа фотографија е тоа што е важно, а не каков каратер имаат луѓето на истата.