Шведска е членка на Европската унија и меѓу најразвиените земји на светот. За разлика од соседната Норвешка, тие не поседуваат огромни залихи на нафта и плин, но со труд и паметно вложување на своите граѓани, имаат висок стандард на живот. За оние кои не се таму родени, еве како можете да станете шведски државјанин.
- Имате најмалку 18 години – освен ако не познавате некого
Додека старосната граница е доста строга за возрасните, децата сепак им се овозможува малку простор. Родителите на децата помлади од 12 години можат да поднесат барање за државјанство на детето, само ако родителот е веќе шведски државјанин. Децата постари од 12 години мораат да потпишат образец со кој потврдуваат дека сакаат да станат граѓани, пишува британски „Индепендент“. Кај детето кое прославило 15 роденден, мора да покаже дека живее во Шведска, барем три години по ред, и да има достојно однесување.
2. Докажете го својот идентитет
Пасошот или сличните документи сo соодветна фотографија е доволна. Алтернативно, роднината или саканата личност може да гарантира за вашиот идентитет, под услов да е веќе шведски државјанин. Според информациите од канцеларијата за имиграција, за саканата личност која ќе го докаже вашиот идентитет, двојката мора да живеела заедно пред пристигнувањето во Шведска.
„Вашиот партнер мора да ја знае вашата лична историја доволно добро без да се сомнева дека може да го потврди вашиот идентитет“, стои на страницата на канцеларијата за имиграција.
3. Престој во Шведска
Ако планирате да престојувате подолго од 90 дена во Шведска, за работа, студирање, или почеток на делување, морате да поднесете барање за одобрение на престојот. Поминете пет години во таа земја. Ако саката да бидете реален Швеѓанин, граѓанин, морате да докажете дека сте подготвени да подолго време живеете во Шведска. Постојат одредени околности поради кои постојат рокови пократки од тие пет години, на пример веќе две години сте живееле со шведско државјанство некаде на друго место. Во тој случај треба да живеете во Шведска само три години по ред.