Русите успеаја да ја направат најдлабоката дупка на земјата. Во седумдесеттите години почнале да копаат заради истражувачки цели, а денеска достигнале длабочина од 12 километри.
Дупката е позната како патот до пеколот.
На Русите им требале 24 години да достигнат длабочина од 12 километри, а понатамошното копање е невозможно поради високите температури, кои достигнуваат до 180 Целзиусови степени и ги уништуваат дупчалките.
Научниците откриле вода на 12 километри под површината на земјата. Причина за оваа појава е најверојатно тоа што атомите на водородот и кислородот истекуваат од камените слоеви.
Пронајдени се и фосили на планктон стари две милијарди години.
Проектот официјално е прекинат во 1994 година, а Јапонците сакаат да го надминат руското достигнување со новиот проект на дупчење, кој ќе почне во 2030 година. Тие планираат да копаат шест километри под океанското дно.
Гледајте го видеото: