По наредба на Хајнрих Химлер во Матхаузен е основана првата од десетте јавни куќи во концентрациониот логор во Германија. Девојките не смееле да бидат Еврејки, а целата акција морала да трае најмногу 15 минути.
Иако проституцијата била службено забранета во нацистичка Германија, наредникот на Гестапо, Хајнрих Химлер, одлучил да направи мрежа на јавни куќи за војниците. Од 1942 година па сè до крајот на војната околу 300-400 нееврејски затвореници во логорот биле принудени да работат во десет логорски бордели во Германија, Австрија и во Полска.
Се разбира, нацистите не сакале на логорашите да им овозможат никакво задоволство. Основањето јавни куќи во конц-логорите на Третиот Рајх било добро организиран систем во кој бил воден прецизен записник, а имало добро осмислена стратегија.
Наводно, целта била да се подобрат продуктивноста и работниот елан кај затворениците.
Била допуштена само мисионерската поза
Всушност, Химлер, на чија иницијатива е основана јавната куќа, сакал да ги понижи затворениците затоа што со доаѓањето во јавната куќа мажите биле понижувани пред чуварите, а истовремено учествувале во сексуална експлоатација на жените.
Имало и одредени правила колку можел да трае сексот и каков смее да биде.
Била допуштена само една сексуална поза, мисионерската, а престојувањето со жената во специјалните објекти, како што Германците ги нарекувале, не смеело да трае повеќе од 15 минути. Тие чинеле две марки. Така, за сè да биде според правилата, Германците ја следеле акцијата низ отворот на вратите.
Нацистите знаеле дека доколку на некои логораши им се даде можност за уживање, ќе се наруши чувството на солидарност што владеело меѓу затворениците.
Проститутките главно биле од Полска, Чешка, Унгарија и од Германија во раните дваесетти години. Имале посебен медицински третман и добивале подобра храна. Кусо кажано, биле малку подобро третирани од другите затвореници. Сексот се одвивал во пропишано време. Секоја вечер меѓу 20 и 22 часот и во недела до пладне.
Во случај на заболување од полови болести, затворениците служеле за медицински експерименти, а во случај на бременост биле присилени на абортус. Нацистите и во борделите инсистирале на расни закони.