Писмото пронајдено кај мажот кој загинал за време на потопувањето на Титаник се очекува на аукција во сабота да достигне цена од 89.000 евра.
Во писмото кое патникот од првата класа Александар Оскар Холверсон, го напишал на својата мајка, на хартија со наслов, на кој има печат на бродот, ги напишал своите впечатоци за бродот, пофалбите за храната и музиката.
„Ако се мине како што треба, ќе стигнее во Њујорк во среда. А.М.“, напишал Холверсон, ден пред судбиносната средба на Титаник со ледениот брег.
Тој бил трговец од Минесота, а на Титаник патувал со сопругата Мери Алис која го преживеала потопот.
Тој во писмото исто така ги пренесува впечатоците за патувањето, рамо до рамо со еден од најпознатите патници на Титаник.
Џон Јакоб Астор, бил исто така на бродот. Изгледал како и секој друг човек иако на неговото конто имал милиони.
„Тој седеше на палубата исто така со нас останатите“, напиша Холверсон, говорејќи за американскиот бизнисмен, кој во тоа време биле еден од најбогатите луѓе на светот.
Писмото е едно од последните работи за кои е познато дека се сочувани по потонувањето на бродот. И понатаму има дамка од времето на потонувањето.
Титаник бил еден од најголемите прекуокеански патнички бродови, пред да утри во ледениот брег и да потоне на 14 април 1912 година, на пат од Саутемтон кон Њујорк. Тогаш починале 1500 луѓе.
Писмото на аукција го ставија семејството на Холверсон, во трговскиот град Дивајзис на југот на Англија.
Сликите погледнете ги на следниот линк: