Кривичниот суд во Белград вчера го потврди решението донесено за Зоран Марјановиќ, осомничен за убиство на неговата сопруга, пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. Притворот за Зоран е продолжен за уште 30 дена, бидејќи судот ги одбил сите жалби за него, затоа што ги смета за неосновани.
Притворот му е продолжен заради начинот и тежината а кривичното дело, кое довело до вознемирување на јавноста.
Против Марјановиќ се продолжува истрагата во Јавното обинителство во Белград.
Убиството на Јелена Марјановиќ медиумски е најследен случај во Себија, веќе една година со различни верзии се зборува за идентитетот на убиецот, како и за начинот и местото на извршување на злосторството.