Се родила целосно црвена, мајка и ја оставила, а лекарите и прогнозирале смрт

Новите родители со години ја мазеле и пазеле, мислејќи дека деновите и се одбројани. Тоа го помислиле и докторите.

Муји Томас од Хонг Конг е родена целосно црвена, поради што нејзината мајка веднаш ја оставила. Луѓето не верувале дека некогаш ќе го пронајде својот дом, но тогаш во нејзиниот живот влегла Тина и нејзиниот сопруг, кои на ова девојче и пружија љубов и овозможија да порасне во семејно опкружување.

Муји е родена со непознато пореметуваење, а докторите отворено соопштиле дека нејзиното здравје набрзо ќе се влошува. Сепак, Тина и нејзиниот сопруг Рок, не се откажале од процесот на посвојување, па така малата Муји на три години доби нови родители.

Со години ја мазеле и пазеле мислејќи дека деновите и се одбројани, затоа што тоа го помислиле и докторите.

Во 2012 година, на крајот дознале која е неговата дијагноза, во прашање е ретко генетско пореметување, поради кое во текот на само една ноќ изгубила оноколку кожа колку што просечен човек губи за две недели.

Потоа кожата и била црвена и воспалена, а била и склона на инфекции, а поради таквата состојба била подложна на бројни навреди и малтретирања во школо, а од нејзината 13 година и по интернетот.

Но, и покрај се, Муји не се откажала од намерата да живее нормален живот, а се благодарение на своите прекрасни родитлеи, кои и овозможија нормален семеен живот.

Иако со години се борела со помислата за самоубиство, денеска е задоволна 23 годишна девојка. Многу девојки уште помлади посегаат по својот живот поради ваквите пореметувања кои ги доживуваат.

Голема помош и беа родителите, а со помош на мајка и отвори блог и напиша книга „Девојката зад лицето“.

Освен тоа се занимава и со рагби, иако не може да се потри, поради што телото брзо и се загрева. Покрај сето тоа работи и како терапевт во установа за лица со посебни потреби.

 

Особено е благодарна на својот доктор Лорен Бремлиј кој буквално ја одржувал во живот заедно со Хју Ваткинс од рагби тимот, кој ја примил во спортот со отворени раце.

Таа сега често гостува по школите и разни настани каде држи говори, а во 2015 година дури одржала и говор пред 700 луѓе.

 

Scroll to Top