Додека Европа е парализирана поради силните невремиња, кои во текот на денот успеаа да однесат и четири човечки животи, а американскиот континент е погоден од бројни торнада, поедини жители во Русија навикнаа на екстремните температури.
Особено вистински херои се децата од Сибир.
Тие, имено одат во школо се додека температурата не падне под 50 степени под нулата.
„21 степен под нулата е забележан во Јакутску, каде слични температури се очекуваат и во текот на утрешниот ден. Но, школите и градинките ќе продолжат со работа. За децата на возраст од 12 до 14 години, школските врати ќе бидат затворени кога студот ќе стигне до температури помали и од -48 степени. За оние остарите, од 15 до 17 години, одењето во школо е задолжително, се додека живата на термометарот не падне под -50 степени целзиусови. Вака стои во правилникот на оваа сибирска област.