Многу е важно да ги идентификувате предупредувањата за мозочниот удар и да добиете медицинска помош за да се намали можноста од ризик на сериозни оштетувања на мозокот. Тоа може да помогне во намалување на ризикот од смрт или од инвалидитет и да се зголемат шансите за заздравување.
Медицинскиот експерти велат дека знаците и симптомите може да варираат од една личност до друга во зависност од видот на мозочниот удар и од делот на мозокот што е погоден и од обемот на оштетувањата, но сите оние имаат тенденција да се јаваат одеднаш.
Кои се симптомите на мозочниот удар?
– Вкочанетост, слабост или одземеност на лицето, рацете или нозете, особено ако е зафатена едната страна од телото;
– Нарушување на говорот: неразбирливо и отежнато изговарање на зборовите, целосна неможност на изговарање на зборовите и/или отежнатo, односно целосно неразбирање на говорот на другата личност;
– Нагло замаглување или или губиток на видот, особено на едното око или во половината на видното поле;
– Наглo чувствување силна главоболка проследена со повраќање, без јасна причина;
– Губење на рамнотежата и/или на координацијата поврзанo со други симптоми;
– Вртоглaвици, несигурност и занесување во одот, ненадејни падови поврзани со други симптоми.
Телтото ве предупредува пред да доживеете мозочен удар.