Челниците во Црквата Исус во Александрија, градот во американската сојузна држава Вирџинија во САД, почнале со демонтирање на меморијалните плочи кои биле поставени од страна на нејзините поранешни верници.
Прво почнала да се отстранува плочата на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, и наредникот на војската на конфедерацијата на јужните држави во време на граѓанската војна, генералот Роберт Едвард Ли.
Телевизијата „Фокс њус“ објави дека и двете плочи се тргнати затоа што црквата смета дека е неприфатливо во кој било од нејзините верски објекти да се наоѓаат меморијални плочи посветени на робовладетелите.
Изјавата на Христовата црква понатаму истакнува:
Некои посетители на нашата црква во Александрија постојано се во црквата, но поради двете спомен-плочи, тие се почувствувале како неповикани гости и повеќе не сакале да се враќаат во неа.
Црквата на Исус е изградена во Александрија во 1773 година.
Џорџ Вашингтон во неа како верник доаѓал 20 години, а спомен-плочата, која му била посветена, се наоѓа на ѕидот од страната на олтарот.
На неа било напишано и на кое место во црквата првиот претседател на САД сакал да седи за „време на службата“.
Весникот „Вашингтон тајмс“ истакнува дека ист е случајот и со меморијалната плоча која е посветена на генералот Ли.
Доналд Трамп остро го осудил рушењето на споменикот на конфедералистите и ги повика сонародниците да го почитуваат „националното историско наследство“.
Исто така ги осуди повиците на отстранување на споменикот на американскиот морепловец Кристофер Колумбо.