Бен Афлек отворено говореше за обвинувањата за сексуално вознемирување

За време на гостувањето во емисијата на Стивен Колберт, Бен Афлек го дочека и непријатно прашање во врска со обвинувањата за сексуално вознемирување, но тој со својата изјава го изненади дури и својот домаќин.

Бидејќи Афлек на почетокот на кариерата во повеќе наврати соработувал со Харви Вајнштајн, водителот го интересирало што мисли актерот за серијата обвинувања на сметка на познатиот продуцент.

„Ова е комично шоу, зар не?“, праша Афлек, па потоа длабоко воздишна и продолжи:

„Не сум соработувал со Харви 15-20 години, но ужасно е да се гледа листата на злосторства што ги сторил. Поради сè што се случило, престанав да ги сакам филмовите Shakespeare In Love и Chasing Amy, кои ги работев со него“, изјави Афлек.

Особено кога знам дека одделни  лица страдале и биле сексуално малтретирани додека ги снимавме тие филмови. Поради тоа, одлучив сите авторски права што ќе ги добијам од „Мирамакс“ да ги дадам во хуманитарни цели за организации што ќе им помагаат на жените што се жртви на насилство. Тоа што не сакам да земам чекови од Харви, не значи дека тие пари не може да се искористат за хумани дела.

Веднаш се слушна громогласен аплауз, а жените во студиото почнале да врескаат. Потоа следуваше уште едно непријатно прашање, а се однесуваше на обвинувањата за сексуално вознемирување, кое против Афлек го поднесе Хилари Бартон.

 

 

„Таа жена ме обвини дека сум ѝ ги допирал градите додека сум ја гушкал. Не се сеќавам на тоа, но апсолутно се извинувам. Сигурно не мислам дека таа лаже или го измислила тоа. Едноставно, сите мажи мора да бидат многу внимателни како се однесуваат и да преземат одговорност за своите постапапки“, заклучи Бен Афлек.

 

Scroll to Top