На 16 декември 2017 година со почеток во 17 часот, во Вип Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи детската руска претстава „Маша и Медо“, направена по истоимениот цртан филм, соопшти организаторот „Прагма продукција“.
За таа цел сцената во „Борис Трајковски“ ќе биде целосно пренаменета и прилагодена за претставата, која ќе биде синхронизирана на македонски јазик. Лани претставата гостуваше во Македонскиот народен театар и имаше пет изведби.
Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда, 22 ноември.