Забележан вонземјански објект кој не е од нашиот соларен систем

Првпат астрономите успеаја да забележат астероид што влегол во нашиот соларен систем.

Врз основа на тоа што го забележала опсерваторијата ЕСО преку својот голем телескоп во Чиле, но во големата опсерваторија во светот, може да се види дека овој голем објект патувал милиони години низ вселената пред да влезе до нашиот соларен систем.

Астероидот е со темна боја, помалку црвенкав, но со издолжен облик. Новите резултати за него се појавија во списанието „Натура“ на 20 ноември.

На 19 ноември 2017 година Pan-STARRS 1, телескоп на Хаваите, забележал светлечка точка на небото. На почетокот изгледало како мал типичен астероид кој брзо се движел, но дополнителните истражувања овозможиле да ја утврдат неговата точна патека.

Кога е одреден неговиот пат, утврдено е дека ова тело не води потекло од Сончевиот ситем.

На почетокот мислеле дека е во прашање комета, но подоцна кога се приближил до Сонцето во септември 2017 година, е утврдено дека нема знаци на кометска активност.

Објектот е квалификуван како меѓуѕвезден астероид и бил наречен 1I/2017U1(Оumuamua).

Утврдено е дека Oumauamua gust имал во себе камен и метал и дека му недостига значителна количина вода и лед, а неговата површина е темна и црвена поради ефектите од зрачењето од космосот во текот на милион години.

Се проценува дека е долг околу 400 метри, пренесува eso.org.

Прелиминарната пресметка укажува дека предметот стигнал од правец на ѕвездата Вега во северното соѕвездие Лира. Брзината со која патува е 95.000 километри на час.

Се смета дека астероидот лутал по Млечниот Пат стотина милиони години пред да случајно дојде до соларниот систем.

 

 

 

Scroll to Top