Сара Табар, тинејџерка од Иран, привлече големо внимание по изјавата дека имала 50 операции за да личи на Анџелина Џоли.
Сара повторно ја шокира јавноста, но со признанието дека сето тоа е измислица и дека фотографиите ги обработила во фотошоп. Табар ја згрози јавноста преку интернет со фотографиите на кои изгледаше речиси како мртва девојка. На социјалните мрежи сите корисници ја нарекуваат зомби.
„Дури сега ја гледам сличноста со Анџелина, но мојата цел не е да изгледам како некој друг“, изјави Сара. Таа откри дека станува збор за шминкање и обработка на фотографиите.
„Секоја нова фотографија беше сѐ посмешна. Сметам дека тоа е облик на самоизразување и некој вид уметност. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице“, вели оваа девојка.
Сепак, признала дека имала неколку естетски операции вклучувајќи ја и корекцијата на носот, усните и липосукција.
Експертите од фотографијата веќе разоткрија дека Сара ги средува фотографиите во фотошоп, нешто што на крајот и сама го потврди.