Графолозите Радолав Свичевиќ и Лазар Крстиќ го анализирале дневникот на Ратко Младиќ кој пишувал во текот на 1993 и 1995 година, како и писмото на Бранислав Пухалу од пред две години.
„Разликите се приметни, се гледаат на прв поглед. Се гледа и формата и содржината. Но тоа не е ништо необино кога ќе се има предвид разликата од 20 години меѓу периодот на настанување на едниот, односно другиот документ (дневникот се водел со 52, а писмото е пишувано на 72 години). Факторот на старост, кој додуша сам по себе не може да доведе до толкави разлики, но, треба да се додадат и други околности кои се промениле“, објаснува Свичевиќ.
Како што велат, дневните белешки ги водел под конец, се е наведено такстативно, јасно и концизно. Писмото, според Бранислав Пахул, испраќа некоја друга порака.
„Овде се гледа дисхармонија во пишувањето. Присутно е пореметување на перцептивна организација. Преведено на обичен јазик, маргината влече надесно, нема нов ред ни пасус, за разлика од дневните белешки, кои се под конец“, вели Свичевиќ.
„Промените постојат, но не може да се доведе во прашање било која способност на генералот Младиќ да функционира. Генералот изјави дека солидно бил рехабилитиран од мозочен удар“, додава графологот.
Истовремено, графологот и судскиот вештај Јован Крстиќ, разликата меѓу ракописот на Младиќ од 1995 и 2015 година, го толкува од друга визура, повеќе посветувајќи се на самата личност на генералот.
И едниот и другиот ракопис, како што вели, го издаваат Младиќ дека цело време има верба во себе и во она што го работи.
„Неговите воени дневници се технички дотерани, естетски обликувани, укажуваат на личност која има верба во себе, а со самото тоа и на личноста која е сигурна во себе, со изразување на орелом самопочит, со изразена потреба за прецизност. Склон бил на афективно реагирање, бил доследен, повремено психички напнат, и постојано бил во психички тонус“, оценува Крстиќ.
Во ракописот од 2015 година, како што вели, иако и понатаму е изразена верата во себе, присутна е и контролата на импулс, афектот, спонтаноста, смиреноста и непосредноста во исполнувањето на чувствата.
„По широката лева аргина, може да се изведе заклучок дека сака да се оддалечи од своето минато, а тоа може да настане поради позитивните или негативни чувства кои се врзани за тој период.
Тесната десна маргина укажува на потребата за социјални контакти, дружења, потреба за пријателско однесување, окупираноста за идните настани“, додава Крстиќ.