Бура надоаѓа кон нас – се најавуваат ветрови со брзина од 120 км/ч и други арктички удари

Шпанија и Португалија превземаа мерки на опасност од бурата.

Шпанија и Португалија издадоа денеска предупредувања за силни ветрови и обилни врнежи сред бурата која се приближува на Пиринејскиот полуостров од Атлантикот.

Шпанскиот метеоролшки завод издаде црвено предупредување, на екстремна опасност од временските непогоди, кои денеска ќе ја донесат бурата Ана.

Како што се наведува, најголемата закана по безбедноста ќе бидат силните ветрови, кои би можеле да достигнат и брзина до 120 километри на час во планинските предели и на северозападот на земјата.

Португалскиот метеоролошки завод, исто така издаде предупредување на екстремна опасност од силните ветрови во северните и централните делови на земјата.

 

Британците ги погоди бурата Керолајн

Од друга страна, Британците се соочуваат со втората голема бура Керолајн, со брзина на ветровите од 140 километри на час, кој донела исклучително ниски температури и снег.

Обилните силни дождови го пореметија денеска во Британија копнениот и воздушниот сообраќај, при што поаѓањето на некои возови и авиони беа откажани.

Британската Метеоролошка служба соопшти дека на сила е жолто предупредување, пред се низ централна Англија, предупредувајќи ги патниците на веројатно пореметувањето на сообраќајниот, железничкиот и воздушен сообраќај.

Во Сенибриџ во Велс, висината на снежната покривка изнесува 28 сантиметри, додека во Хај Вајкомб, надимакот на Лондон, слојот снег достигна висина од 12 сантиметри.

Во Бирмингем во средишна Англија, откажани се летовите, додека кај повеќе од 10 железнички линии пријавено е доцнење.

Во Лондон, исто така одложен е рагби натпреварот поради неповолните временски услови околу теренот.

Се очекува дека оваа бура ќе се движи кон исток, и дека ќе влезе во Франција, а за недела веќе се издадени предупредувања.

 

 

Во Шкотска веќе наврнаа околу осум сантиметри снег, а бурата зафати и делови од Северна Ирска, Велс и Северна Англија.

Брзината на ветерот кој ја донесе бурата од Арктикот, е арктички проток на воздух, поради што температурите паднале.

 

Како е на Балканот? Поради заостанатиоте снег вниманивање на патиштата

Возачите ова попладне очекуваат претежно ведро време, но поради заостанатот снег на патиштата на некои патишта, се советува побавно и повнимателно возење, соопштија денеска од Авто-мото сојузот на Србија. Како што наведуваат, патиштата кај зимските туристички центри се проодни, а нема ни задржувања на наплатните станици.

На граничните премини, задржувањето за патничко возило трае до 20 минути. Од управите за патишта навдуваат дека често доаѓа до формирање на долги колони на возила на влезот и на излезот на границата меѓу Србија и Унгарија, каде задржувањето може да биде повеќечасовно и подолго во однос на задржувањето на возачите кои ги очекува на граничните премини.

 

Scroll to Top