Потребни состојки:
500 гр чоколадо
10 јајца
125 гр путер
200 гр брашно
10 лажици шеќер
Начин на подготовка:
Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од ринглата и се остава смесата да се излади. Јајцата се матат заедно со шеќерот, додека да станат пенести. Изматената смеса се додава на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното се додава постепено, со постојано мешање. Кога ќе се добие густа и хомогена чоколадна смеса, се става во калапи кои се веќе премачкани со путер и наросени со брашно.
Колчите се печат само 5 минути во претходно загреана рерна на 250 степени. Се послужуваат топли, со топка сладолед од ванила или со овошје.