Колач топло-ладно

Потребни состојки:

500 гр чоко­ладо
10 јајца
125 гр путер
200 гр бра­шно
10 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Чоко­ла­дото и путе­рот се ста­ваат во подла­бок сад. Потоа, на уме­рен оган, се топи сме­сата. Откако ќе се рас­топи, садот се трга од ринглата и се остава сме­сата да се излади. Јај­цата се матат заедно со шеќе­рот, додека да станат пенести. Изматената смеса се дода­ва на сме­сата со чоко­ладо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното се дода­ва посте­пено, со посто­јано мешање. Кога ќе се добие густа и хомо­гена чоко­ладна смеса, се става во калапи кои се веќе премачкани со путер и наросени со бра­шно.

Колчите се печат само 5 минути во претходно загреана рерна на 250 степени. Се послужуваат топли, со топка сладолед од ванила или со овошје.

 

Scroll to Top