Цело семејство во транзиција – Даниел е мама, мама е тато, а улогите ги заменија и ќерката и синот

Цело четиричлено семејство од Аризона се декларирало како трансродови, таткото, мајката и нивните ќерка и син.

Даниел Херот (41), биолошки родител на двете трансродови деца, е роден како жена, а сега е маж.

Ќерката и синот исто така тврдат дека при раѓање им е доделен „погрешен“ пол. Нивниот друг родител, Ширли Остин (62), е родена како маж, а сега е жена.

Ширли и Даниел се свршени.

„Целото семејство е во транзиција. Чувството е како да си повторно роден, како да се доживуваш по првпат. И моите деца полека стануваат она што секогаш сакале да бидат“, вели Даниел.

Уште на шест години сфатила дека е во погрешно тело.

Нивниот син, 11-годишниот Мејсон, е роден како девојче, но сега е трансродово момче. Ќерката Џошуа има 13 години и иако е родена како момче, сега се облекува и се однесува како девојче.

„Имав шест или седум години кога почнав да сфаќам дека сум во погрешно тело“, вели Џошуа.

Даниел Херот вели дека поголемиот дел од животот живеел како жена, но никогаш не се чувствувал пријатно во тој пол. Се венчал за маж, родил две деца и сè уште не се чувствува добро.

„На крајот си признав себеси кој сум“, вели тој.

 

Минатата година, кога Џошуа изразил желба да се приклучи на извидниците, Даниел се просветлил.

„На крајот си признав кој сум кога сфатив дека и моите деца минуваат низ тоа. Знам дека тоа е вистина зашто самиот минувам низ истото“, вели Даниел, кој  ја истрижал косата и носи облека што му прилега.

Џошуа, Мејсон и Херот се спријателиле со Остин, која волонтирала во групата за поддршка на родители со трансродови деца.

„Ми олесна кога видов дека тие ќе ме разберат поради тоа што сум. Се чувствувам сакано“, вели Остин, пишува „Дејли мејл“.

 

Scroll to Top