Според легендата, лошиот брат близнак на Дедо Мраз се вика Крампус.
Тој има канџи и рогови, а оваа битка од бајките има и тајна божикна лекција за сите.
„Причината поради која митовите и легендите се важни е тоа што тие претставуваат универзално искуство на целото човештво“, изјави Кевин Лу од Универзитетот „Есекс“.
Крампус првпат се појавил во европските народни приказни заедно со свети Никола.
Доколку децата биле добри, свети Никола би им донел подароци, а доколку не се, Крампус ги камшикувал, ги ставал во окови и ги јадел, тврди старата европска легенда.
Пионер на психоанализа, Карл Јунг, сметал дека внатре во секоја личност постои добра и лоша страна. Лошата страна Јунг ја нарекол сенка. Според Јунг, луѓето често ја проектираат сопствената сенка на други работи како, на пример, (комшиите, националност, религијата…) Така, сенките остануваат забележани низ народните верувања.
Крампус на тој начин претставува темната манифестација на Божик.
Со децении на прославата на божикните празници се појавуваа луѓе што се облечени како демони, а тоа всушност е Крампус.
Што нѐ учи Крампус?
Крампус нѐ учи дека тоа што го мразиме често го носиме во себе. За Јунг, целината значи интеграција со сопствената сенка. Доколку признаеме дека постои тој дел од нас и прифатиме и почнеме да живееме со неа, на тој начин сенката нема премногу да влијае на нашата психа.
Гледајте: