Британски војник и поранешна инструкторка по нуркање се венчаа под вода во националниот резерват за заштита на морскиот свет на архипелагот Флорида Киз, во сојузната американска држава Флорида.
Водникот Томас Мулд и Сандра Хајд, кои се венчаа по четири години забавување, користеле таблет отпорен на вода за да си ги разменат брачните завети.
Мулд и Хајд се запознале кога војниот отишол на обука за нуркање на Флорида Киз, каде Хајд работела како инструкторка.
Таа него го посетувала во Велика Британија, а тој неа во САД. Одлучиле да се венчаат и го испланирале венчавањето во текот на летото во една стара англиска црква, но подоцна го смениле мислењето.
Како што пренесува „АП“, двојката сфатила дека венчавањето под вода на Флорида Киз не е само прикладно туку и економично.
Двојката медениот месец го минува на Флорида Киз, каде што планира да го почне заедничкиот живот.
Видете: