(Видео) Суровата вистина за местото каде што се прават божикните украси

Веројатно ретко на кого досега му паднало на памет да се запраша од каде ни доаѓаат повеќето новогодишни украси. Околу 60 отсто од нив се прават во кинескиот град Јиву, место што важи за божикен град.

Наместо малите помошници на Дедо Мраз, тука работата многу вредни луѓе, а меѓу нив е и Јужун Жоу, сопственик на една фабрика за украси.

„Луѓето од африканските земји и од Блискиот Исток исто така ги купуваат нашите производи. Тие се нашите клучни партнери од март до јуни“, вели тој.

Истакнува дека сите се на мал одмор од работа поради тоа што поголемиот дел од стоката е испорачана во Европа и САД во септември и октомври.

Во Јиву сместени се дури 600 фабрики, а повеќето производи се наменети за извоз. Вработените најчесто се сиромашни луѓе од рурални средини, кои живеат во работнички домови по 50 недели годишно одвоени од своите семејства.

 

Работното време почнува во 7, а завршува во 9 часот. Но, повеќето од нив не се незадоволни.

За разлика од сиромашните работници, сопствениците на фабриките се милионери. Ренга Гуоан (42) го нарекуваат кралот на божикната елка.

Многубројните сопственици на фабрики пред дваесет години не ни знаеле што е тоа Божик, но тогаш ги препознале потенцијалот на тој празник и постојаната потреба на луѓето од Запад за купување евтини божикни украси.

Гледајте го видеото:

 

Scroll to Top