Жителите на Багдад украсија 10 метари висока божиќна елка со што го означија поразот на ИСИС од страна на ирачките безбедносни сили.
Портпаролката на Белата куќа и претседателот Сарах Сандерс исто така се осврнале на неверојатната објава на „Твитер“ на 24 декември во врска со големата божиќна елка во Ирак:
„Фала Богу за претседателското водство во борбата со ИСИС“.
Овогодишната елка е реакција на минатогодишната поставена од муслиманскиот бизнисмен Јаси Саад, кој тогаш изјавил дека се надева дека елката ќе помогне во обединувањето на христијанските и муслимански Ирачани во еден нов дух на соработка, додека неговата земја и понатаму ќе се обновува откако претходно била ослободена од тиранијата на Садам Хусеин.
Во 2016 година Саад изјавил дека целта му е да се приклучи на христијанските браќа во славењето Божик и да им помогне на Ирачаните да заборават на своите страдања.
Претприемачот исто така истакнал дека 11 метри широката и 25 метри висока божиќна елка минатата година година чинела околу 24.000 долари.
Овогодишното стебло е подигнато на истото место и веројатно за него биле потрошени, истите пари.
Не е објавено дали господин Саад и оваа година бил вклучен во поставувањето на овој украс.
Iraqi Christians have raised a 30-ft. tall Christmas tree in Baghdad to celebrate both the holiday and the expulsion of ISIS extremists by Iraq Security Forces. pic.twitter.com/e96oaR5neN
— Fox News (@FoxNews) 23 December 2017