Лидерот на Северна Кореја чекореше низ улиците на Сеул, престолнината на Јужна Кореја. Луѓето застануваа и гледаа во човекот кој личи на оној кој апсолутно не би требало да се наоѓа во овој град. Но, се разбира, тоа не е лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, кој живее во Пјонгјанг. Тоа е неговиот имитатор, Драгон Ким.
Неговото вистинско име е Минјонг Ким и го имитира врховниот лидер на Северна Кореја. Се облекува во син костум кој личи на униформа на Работничката партија на Кореја, ја мести фризурата како лидерот во Пјонгјанг, а се труди да ги имитира и изразите на неговото лице.
Драгон Ким е роден и пораснал во Јужна Кореја. Дипломирал бизнис на Универзитетот во Илиноис и говори повеќе јазици, англиски, корејски, јапонски и кинески. Во моментов води агенција што им помага на учениците во Јужна Кореја во школите и странство.
Ким изјави дека служел во јужнокорејската војска кога неговите соборци му рекле дека изгледа слично како Ким Јонг Ун.
Во 2014 година, додека работел на Институтот за англиски јазик, нарачал костим идентичен како на Ким Јонг Ун за Ноќта на вештерките. Областа Хонгџа е едно од најпознатите туристички места во Сеул, а атмосферата дополнително беше завриена со неочекуваната посета на севернокорејскиот лидер на Ноќта на вештерките.
„Фејсбук“ и „Твитер“ беа преплавени со слики и видеоснимки од Ким. Од тогаш, некои луѓе го нарекуваат Драгон Ким „Хонгџа Ким Јонг Ун“.
Од тогаш дебитирал како двојник-имитатор на Ким Јонг Ун и бил активен пред камерите. Снимил реклама за прочистување на воздухот и имал неколку гостувања во некои сапуници и музички видеоспотови.
Во април се појавил како посебен гостин во „На патот да те запознаам“ и ги повикал луѓето кои живеат во Јужна Кореја да зборуваат за својот живот на север и како се прилагодуваат на новиот начин на живот на југ.
Кога Ким излегол на сцена и ја забавувал публиката со некои од најновите танчерски потези, мимики и говор на Ким Јонг Ун.
Драгон Ким исто така го посетил и Њујорк во октомври и работел на кратка видеоснимка. Ким се шетал низ Њујорк облечен како Ким Јонг Ун. Минувачите го сликале и го нарекле „рекетар“ (надимак кој му го дал американскиот претседател Доналд Трамп).
Видеото доби речиси 10 милиони прегледи кога било поставено на 22 октомври.
Видете: