Трамп ја нападна Кина – фатени на дело, продаваат нафта на Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил многу разочаран поради тоа што Кина ѝ продава нафта на Северна Кореја предупредувајќи дека таквите потези би го спречиле „пријателското решавање“ на проблемот поврзан со кризата настаната поради нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Кина тврди дека не ѝ продавала нафта на Северна Кореја.

„Фатени на дело, многу сум разочаран што Кина допушти нафтата влезе во Северна Кореја. Никогаш нема да има пријателско решение за севернокорејскиот проблем доколку ова продолжи да се случува“, напиша Трамп на „Твитер“.

Кина соопшти дека кинеските бродови не ги прекршиле санкциите со продажбата на нафта на Северна Кореја, а тоа го објавија откако еден јужнокорејски весник наведе дека кинеските и севернокорејските бродови на море незаконски пренесувале нафта, пренесува „Ројтерс“.

Кина во ноември не увезла нафта и нафтени деривати во Северна Кореја, покажале објавените податоци на кинеската царина со што, како што оценува британската агенција, од царината ги надминале барањата на санкции кои претходно годинава ги воведоа Обединетите нации со цел да ги ограничат испораките на нафта во таа изолирана земја.

Пекинг во ноември исто така увезувала руди, железо, јаглен и олово од Северна Кореја, цел месец до воведување на новите трговски санкции во ОН.

Кина, која е главен извор на горива за Северна Кореја, минатиот месец не извезувала ни бензин, млазно гориво, дизел или масло од изолираниот сосед, покажаа податоците од кинеската Општа царинска управа.

Минатата недела Советот за безбедност на ОН воведе нови ограничувања во трговијата со Северна Кореја вклучувајќи ги и ограничувањата на испораки на нафтени производи на таа земја на само 500.000 барели годишно, потсетува „Ројтерс“ и додава дека потегот на Пекинг да целосно ги стегне славините е реткост.

 

 

Scroll to Top