(видео) Со гола рака помина низ жежок метал

Многумина не можеа да поверуваат кога го видоа видеото на социјалните мрежи, во кое еден работник со гола рака минува низ растопениот метал.

Тој неколку пати помина со раката низ течниот метал, а за цела среќа мина без повреди. На луѓето сега не им е јасно како тоа е возможно. Сите сметаат дека раката требала да му се истопи низ толкава температура.

Сепак, објаснувањето лежи во Леиденфрост ефектот. Овој ефект предизвикува да капките вода си поигруваат на жешката плоча, наместо да испарат.

Кога течноста ќе падне на жешката плоча, долниот слој веднаш испарува. Ова го остава заштитниот слој на гас меѓу плочата и остатокот од капките вода, спречувајќи контакт меѓу нив двете.

Истиот ефект важи и за човекот во видеото, кој со рака минува низ растопениот метал како да е во прашање вода.

Влагата на неговата кожа формира заштитен слој и спречува директно да ја допре течноста.

Видете:

 

 

 

Scroll to Top