Едно момче од Флорида е обвинето затоа што го оштетил банкоматот, кој го удрил со рака неколку пати. Причината за неговиот напад е неверојатна. Имено, банккоматот му дал премногу пари.
Мајкл Олексик, е уапсен во четвртокот после тринеделната истрага на настани која се случила на крајот на ноември во округот на Бревард.
Еден сведок раскажа дека дваесет и тригодишниот Олексик, веднаш потоа се јавил во банката, и му кажал на менаџерот што направил.
Тој наводно бил гневен затоа што банкоматот му дал премногу пари и не знаел што да прави.
Потоа се извинил за штетата и рекол дури и дека му е жал.
И покрај извинувањето, банката решила да го тужи.
Сепак, набрзо откако бил уапсен, бил пуштен со кауција.