Потребно:
1/2 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1/2 чаша масло
1 пециво
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша обично брашно
1 чаша јогурт
4 јајца
200 гр сирење
чашата од мерката е 250 мл
Се матат јајцата со солта и шеќерот, потоа се додаваат сите други состојки да се добие компактна смеса. Ако е многу густа, може да се додаде малку млеко. Се додава сирењето, се меша убаво и се сипува во намастено тавче да се пече. Се пече на 220 степени околу пола час.
По желба може да се додаде спанаќ, праз, маслинки, шунка.