Луксузен затвор во Саудиска Арабија повторно ќе стане хотел

Луксузен хотел во Ријада, кој служел претходно како затвор во владината антикорупциска кампања, повторно ќе биде отворен следниот месец. Ова било објавено на страницата на хотелот, што упатува дека властите се блиску да постигнат договор со повеќето осомничени.

Над десетина принцови, високи официјални лица и водечки деловни луѓе биле затворени во раскошниот хотел „Риц Карлтон“ кога владата на почетокот на ноември минатата година почнала со отворена пресметка против корупцијата во највисоките слоеви на општеството.

Најевтиното ноќевање изнесува 650 долари

Вработените во хотелот потврдија дека резервациите за граѓаните повторно ќе почне да ги прима од 14 февруари.

На интернет-страницата на хотелот пишува дека ноќевањето во најевтината соба чини 650 долари. Хотелот има 492 соби и апартмани и 21 хектар двор.

Службените извори претходно потврдиле дека властите се при крај со антикорупциската кампања и дека хотелот повторно ќе работи нормално.

Саудиската влада очекува повеќето обвинети да се согласат на финансиска спогодба во замена за отфрлање на обвинувањата. Се очекува хотелот да собере 100 милијарди долари.

Градежниот гигант „Сауди бин Ладен груп“ во саботата објави декa некои акционери во склоп на договорите би можеле да ги префрлат своите акции на државата. Во полициските акции бил уапсен и директорот на компанијата, Бакр бин Ладен, како и некои членови од семејството на убиениот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен.

Принцот Митеб Бин Абдулах, некогашниот претендент за саудискиот престол, е пуштен на слобода на крајот на ноември кога на владата ѝ платил милијарда долари.

Уште еден моќен деловен човек кој бил затечен во „Риц Карлтон“ е мултимилијардерот Авалед бин Талал, сопственик на глобалната инвестициска компанија „Киндом холдинг“. Неименуван саудиски официјален претставник изјави дека преговорите со него сѐ уште траат.

 

 

 

Scroll to Top