Холивудската актерка Џејн Фонда неодамна била оперирана од рак на устата. Лекарите ѝ отстраниле малиген израсток што се појавил на долната усна.
На промоцијата на нејзината серија „Грејс и Френки“ таа носела фластер на усната.
„Сакам да објаснам за фластерот. Штотуку ми отстранија рак од усната. Мислев дека ќе заздрави пред да дојдам тука, но во ред е. Обично не шетам ваква“, рекла Фонда и додала: „Еј, светот се распаѓа, што е една усна“.
Ова не е прва операција на Фонда за отстранување рак. На 80-годишната актека во 2010 година ѝ бил отстранет рак на дојката.