Познатиот американски музичар Том Пети починал од случајно предозирање откако земал повеќе различни аналгетици, соопшти денеска неговото семејство.
Тој користел аналгетици поради повеќе здравствени проблеми, а првенствено го мачел скршениот колк, се наведува во соопштението.
Неговото семејство верува дека тој зел прекумерна доза лекови кога почина во октомври 2017 година на возраст од 66 години.