Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, посакал да му покаже на светот дека работи и покрај делумната блокада на владата.
Поради тоа, тој повикал фотограф кој го фотографирал како седи на столот и глуми дека зборува на телефон со некого.
White House emails: “Photos of President Donald J. Trump working in the White House during the Democrat shutdown” pic.twitter.com/cJzSmalG3p
— Rebecca Ballhaus (@rebeccaballhaus) 20 January 2018
Фотографијата стана хит на „Твитер“ поради еден детаљ кој сите веднаш го забележаа. На бирото на Трамп нема ниту еден лист хартија, што не дава впечаток на лице кое работи.
„Еј, сите знаете нешто за бироата. Изгледа ли ова на личност која работи?“, праша една твитерџика.
Hey, all you People Who Know Desks: Does this look like the desk of somebody who works? #desktwitter #iknowyouareoutthere https://t.co/hrKMeN1ZAo
— honor sachs (@drhonor) 21 January 2018
„Вака изгледа кога ќе дојдеш во канцеларија и поробуваш да видиш дали ти работи телефонот“, се пошегува друга.
Here’s mine right this instant. But be fair, no President’s desk looks like this. pic.twitter.com/NDch5aKVwe
— Bill Thayer (@LacusCurtius) 22 January 2018
„Моето биро никогаш не било толку чисто. До кога ќе нè посрамотува овој човек“, праша еден огорчен Американец.
Потоа почна масовно постирање фотографии од твитерџиите и нивните пренатрупани бироа во канцелариите за да покажат како изгледа човек кој работи во канцеларија.
My desk pic.twitter.com/U8EBZeMDl6
— 📚📚 Prof Book Lover 📚📚 (@luvrbooks) 21 January 2018
Се разбира, некои ја искористија можноста да ја споредат посветеноста на работата на Трамп со онаа на Барак Обама.