Таинствена древна скулптура од Русија е двојно постара од египетските пирамиди

„Шигр Идол“ е пронајдена во каменолом на подрачјето на Урал во 1890 година.

Научниците откриле дека таинствената дрвена статуа „Шигр Идол“, која е пронајдена во Русија пред повеќе од 100 години, е двојно постара од Стоунхенџ, пишува „Индипендент“.

Дрвената статуа „Шигр Идол“ е ископана на подрачјето на Урал во 1890 година и претставува најстарата дрвена скулптура на светот. Стара е 11.000 години, што е илјада пати повеќе од што досега се сметало.

Стара дури 11.000 години 

Научниците во германскиот град Манхеим, користејќи технологија со јаглерод, кој е најнапреден метод на откривање старост на некој предмет, утврдиле дека оваа скулптура со испишани таинствени симболи е многу постара.

Томас Тербергер, професор на делот за културно наследство во Долни Саској, бил дел од тимот што се занимава со прашањата за статуите. За сибирски „Тајмс“ тој изјавил дека резултатите ги надминале сите очекувања.

„Ова е исклучително важен датум за меѓународната научна заедница. Откритието е важно за разбирање на развојот на цивилизацијата и уметноста на Евроазија и човештвото во целост. Може да се каже дека пред 11.000 години ловци и рибари од подрачјето на Урал не биле ништо помалку развиени од селаните на Блискиот Исток“, додал Тербергер.

Содржат податоци за потеклото на вселената?

Првиот обид за откривање на точната година од која потекнува статуата бил 1997 година, вели вработен во музејот „Свердловск“ во Екатеринбург во Русија.

„Првата радиокарбонска анализа покажала дека статуата е стара 9.500 календарски години, што довело до спор во научната фела“.

За да нема никакви сомнежи и поделби и да се дојде до резултати што ќе ви бидат јасни и прифатливи, донесена е одлука со помош на најмодерната технологија повторно да се измери времето на настанување“, додава Свердловск.

Научниците веруваат дека сложените знаци изрезбани во дрвото, всушност се кодирани податоци за потеклото на вселената. Изворот на името на скулптурата е клуч за разбирање на евроазиската уметност.

Скулптурата изворно е висока 5,3 метри, но деловите исчезнале во текот на советската ера, па нејзината моментна висина е 2,8 метра.

 

Scroll to Top