Почина најстариот човек на светот

На 113-годишна возраст почина Шпанецот Франциско Нунез Оливера. Тој беше најстариот човек на светот.

Франциско бил роден на 13 декември 1904 година и имал 10 години кога избувнала Првата светска војна. Нунез имал четири деца, девет внуци и 15 правнуци. Неговата сопруга починала 1988 година.

Шпанецот до смртта живееше во неговата родна Бенвенида, во автономниот регион Естремадура.

Scroll to Top