Албанецот Тристен Аслани, кој отслужува казна во британски затвор, отворил профил на „Инстаграм“ и објавува свои фотографии на социјалната мрежа. Тој се фали дека таму ги има сите услови за нормален живот. 29-годишното момче треба да отслужи казна затвор од 42 години поради дрога и оружје.
Покрај фотографиите, тој пишува дека во затворот ги има сите услови, единствено што му недостига се проститутки.
Аслани е затворен откако по полициска потера со автомобилот се забил во продавница. Полицијата пронашла во автомобилот 21 килограм кокаин и полуавтоматско оружје.
Портпарол на затворот изјавил дека однесувањето на Аслани е недозволиво и додал дека ги избришале фотографиите од социјалните мрежи.
„Тие што ги прекршуваат затворските правила ги очекуваат строги казни, вклучувајќи и дополнително време зад решетки“, изјавил тој, па додал дека активно се обидуваат да спречат употреба на мобилни телефони во затворот и дека инвестирале околу 2 милиони фунти за блокирање на сигналите во затворите низ земјата.