Откриена населба на Маите со повеќе од 60 илјади градби во прашумата

Повеќе од 60 илјади градби и рушевини од времето на Маите се пронајдени во прашума во Гватемала. Научниците користејќи ласерска технологија откриле цел реион со објекти под прашумата и дрвјата, вклучувајќи куќи, палати, патишта и одбранбени објекти.

Во тој реон, во близина на веќе познатите градови на Маите, живееле неколу милиони Маи повеќе отколку што се претпоставуваше во првичните истражувања.

Научниците регистрирале повеќе од 2.100 квадратни метри во северниот Петен, користејќи ја револуционерната технологија „Лидар“, која открива археолошки локации речиси невидливи за голо око.

– Сликите од оваа технологија покажаа дека целиот регион бил систем на населби чии обем и густина на популација во голема мера бил потценет, изјави Томас Гарисон, археолог од колеџот Итака.

Цивилизацијата на Маите својот врв го достигнала пред околу 1.500 години кога зафаќала површина два пати поголема од средновековна Англија со популација од околу пет милиони.

– Со новата технологија веруваме дека тука живееле помеѓу 10 и 15 милиони луѓе, изјави Франциско Естрада-Бели, археолог од Универзитетот Тулан, додавајќи дека многу луѓе живееле во ниските, мочурушни подрачја, за кои досега се сметаше дека биле непогодни за живот.

Поголемиот дел од 60те илјади градби биле со камени платформи врз кои биле правени куќи, повеќето од слама.

Едно од поинтересни откритија е пирамидата со седум спратови, која е покриена во вегетација, па речиси и се споила со џунглата.

 

Scroll to Top