Свештенството на руската православна црква во наредниот период ќе мора да мине низ необичен вид обука.
Свештеници, попови и други црковни лица ќе мораат да научат како да управуваат со тенкови и други воени возила и компјутерска опрема во случај на војна.
Планот на државниот врв на Русија е војската да ги обучи свештените лица за непредвидливи услови за живот, а со самото тоа и за војна.
Околу 30 своевидни командоси ќе ја истренираат првата група свештеници во градот Омск.
„Добро е ако свештеникот е човек од војската и се најде на воено поле, но што доколку не е? Што доколку не знае како да се снајде? Мораме да ги обучиме“, велат од агенцијата TASS, од врвот на руската војска.
На свештениците нема да им биде дозволено да ракуваат со оружје, туку само ќе научат вештини како да управуваат со воени возила и да се снаоѓаат на местото на настанот со испраќање порака.
„Што ако единствената надеж на ранетите војници им е свештеникот, а тој не знае како да вози тенк или да побара помош преку сателит? Тие од сега ќе знаат да го направат тоа“, е пораката од воениот центар во Омск.