Со обичен компјутер успеа да ги избрише мустаќите на Супермен

Што се однесува до фановите, постојат многу работи што не се баш како што треба направени во филмот „Лига на правдата“, а една од нив можеби е најлошото дигитално отстранување на мустаќите на Супермен, кој го толкува Хенри Кавил.

И покрај речиси неограничениот буџет и технологија што на творците на филмот им биле на располагање, испаѓа дека е еднакво добро, ако не и подобро, кога работата може да ја направи домашен компјутерџија со помош на вештачка интелигенција.

Експертите што се занимаваат со истражување на вештачката интелигенција изминативе недели направиле огромни чекори кога е во прашање користењето на технологијата за длабоко учење за манипулирање на видеата.

Всушност, вештачката интелигенција стигнала до таа мера кога со доста лесно достапна програма, која работи на обични компјутери, може да се заменат лицата на луѓето со неверојатна прецизност.

Кога би успеале во ова, потребно е да набавите и да тренирате вештачка интелигенција со помош на илјада слики на лица што сакате да ги залепите на главата на друга личност. Но, на интернет постојат многубројни алатки што ви стојат на располагање и кои содржат бесконечно голем број слики на познати личности, како што е Хенри Кавли.

Се разбира, во прашање не се инстант-резултати, но по неколку дена макотрпна работа, некој што работи на обичен компјутер може да изведе холивудски специјални ефекти, како што е отстранувањето на мустаќите од лицето на Супермен.

 

Scroll to Top