На улиците дефилираа Путин и Ким Џонг-ун како ајкули, а Трамп седнат на ВЦ-школка

Во Португалија почна годишниот карневал, познат по политичката сатира, а на улиците низ градот Торес Ведрас можеа да се видат и фигури на ајкули со ликовите на претседателот на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, но и на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Главите со ликот на Путин и Ким се прицврстени за телата на ајкули што ги држат ножеви и виљушки, а во центарот на градот изложена е фигура со ликот на германската канцеларка Ангела Меркел, која е претставена како сирена, пренесува „Ројтерс“.

Трамп, меѓу другото, е прикажан и како фигура што седи на ВЦ-школка во облик на планетата Земја, а зад него е поставена гневна фигура од Ким Џонг-ун, која држи ракета.

Илјадници луѓе, и покрај дождот, излегоа да ѝ се приклучат на парадата и на забавата на улицата Торес Ведрас, која секоја година се затвора за петдневната прослава, на која организаторите, како што велат, очекуваат да се појават 350.000 луѓе.

Годинашната тема на карневалот се бранови и океани.

Видете:

Scroll to Top