Познатиот американски комичар, режисер, глумец и сценарист Кевин Смит (47) објави на „Фејсбук“ дека вчера, меѓу два негови настапа во Глендејл, Калифорнија, преживеал срцев удар.
Тој истакна и дека уште на настапот му се слошило.
– Имав тежок срцев удар… Морав да го откажам вториот настап и да одам во болница, додава тој во објавата.
Комичарот е најпознат по улогата на „Тивкиот Боб“ во филмот „Приправници“ и неговите продолженија.
Тој цел живот се бори со прекумерна тежина, а во еден дел од животот имал и 180 килограми.