Претседателот на САД, Доналд Трамп, за фискалната 2019 година побарал од Конгресот најголем износ на средства што кога било биле доделени за американските известувачки служби.
Администрацијата на Доналд Трамп за американските известувачки операции побара 81,1 милијарда долари за фискалната 2019 година, која почнува од 1 октомври 2018 година.
Тоа е најголемиот износ на средства за известувачките служби од кога владата почна да упатува такви барања во 2017 година.
Од тие пари, 59,9 милијарди долари ќе одат за Националната известувачка програма (NIP), соопштија во вторникот од канцеларијата на директорот за Национална известувачка служба на Соединетите Американски Држави. Тие пари не се врзани за војската и од истите се финансира и се дава поддршка за американските известувачки операции во странство.
Освен тоа, управата за фискалната 2019 година посебно побара 21,2 милијарди долари за Воената известувачка програма (МIP).
Оваа буџетска компонента ги покрива известувачките активности на Пентагон, вклучувајќи ја и програмата што ја спроведуваат единиците како американската Команда за специјални операции и Поморската известувачка служба.
Вкупно се побарани 81,1 милиајрда долари, што е пораст од 3,4% во споредба за 78,4 милијарди долари кои управата на Доналд Трамп за оваа ставка ги доби за фискалната 2018 година.
Нема сомнение дека новата Студена војна се користи како аргумент за зголемување на сметките на американските известувачки служби.
Американската известувачка агенција има конкретен интерес во бројните обвинувања против Русија, но и Иран, Северна Кореја и Кина, што би можело да резултира со астрономски сметки за следната фискална година. Американските известувачки служби се лидери во ширењето на приказните за таканаречената руска вмешаност во американските претседателски избори и наводните агресивни намери на Иран за само да го зголемат својот буџет.
Тоа го призна и Влијам Бини, поранешниот технички директор на американската Национална безбедносна агенција (NSA). Бини истакна дека неколку членови на Конгресот, вклучувајќи ги и демократите и републиканците, се обидуваат да покренат ново поглавје за Студената војна, што би помогнало воено-индустрискиот сектор и известувачките служби на земјата да добијат повеќе пари.
Поранешниот директор на Националната безбедносна агенција изјави дека војна би значело дека милијарди долари од џебовите на американските граѓани ќе се користат за плаќање ново оружје, нови технологии, шпионирање и плаќање повеќе доушници.
Американските известувачки агенции имаат конкретен интерес во изнесувањето обвинувања против руската и други влади. Се разбира, Москва е на првото место.
Американските служби, сепак, наместо да дадат конкретни податоци, шпекулираат, преземаат податоци од другите и затоа веројатно можат да добијат 81,1 милијарди долар. Тоа не е лошо за неколку глупави наслови во медиумите, кои се повторуваат во недоглед, или за известувањата на Канцеларијата на државниот секретар за известување на САД, која на 6 јануари оваа година објави извештај под името „Евалуација на руските активности и намери на неодамнешните американски избори“, во кој нема конкретни докази, примери или поединости, а целиот документ содржи 25 страници кои изгледаат како збирка на текстови од неколку американски дневни весници.