500 гр брашно
100 мл масло
200 мл вода
1 лажиче сол
200 гр маргарин (за премачкување)
1 јајце за премачкување
сусам и афион
Се замесува тесто од брашното, маслото, солта и водата, потврдо, ама мазно.
Расукајте го во кора, премачкајте го со маргаринот, здиплете го и ставете го во фрижидер половина час.
Повторете ја постапката со сукање и диплење уште два пати.
По третиот пат, повторно расукајте кора, премачкајте ја со јајце, обилно наросете со сусам, превртете ја од другата страна, премачкајте ја и наросете афион.
Исечете тенки ленти со должина по желба, замотајте ги и редете ги на плехот.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени.