Папата Франциско за себе има толку скромно мислење, што кога на 13 март 2013 година се појави на балконот на базиликата „Свети Петар“, изјави дека кардиналите мора да трагаат до крајот на светот за да го пронајдат новиот поглавар, наведува агенцијата АП.
За папата Франциско, за кого американската агенција го опишува како прилично поинаков папа, се знае дека сака аргентински чај, дека страда од ишијас и дека во своите 40-ти години посетувал психоаналитичар за да си ги прочисти мислите.
Омилени филмови му се „Улица“, „Рим отворен град“ и „Бабина гозба“, но телевизија не гледал уште од 15 јуни 1990 година кога пред Девицата Марија ветил дека тоа нема тоа да го прави.
Ги сакал Моцарт и Бах, а омилен книжевник му е Достоевски.
Секое утро станува во 4.30 часот. По ручекот, се одмора, а на спиење заминува до 22 часот.
Кога ќе тргне на пат, во црната торба со себе носи брич и молитвеник.
Познато е дека папата Франциско не го интересира премногу правењето селфи, но истакнал дека нема ништо против да позира на таквите снимки затоа што тоа е нешто што денешните деца го прават.