Крадец го турнал возилото во река со двегодишно девојче во него

Двегодишната Кјара Мур од Западен Велс, која следната недела требало да наполни три години, трагично починала откако крадецот го украл возилото на нејзината мајка и го турнал во река со неа.

Нејзината мајка Кимберли Роуладнс ја оставила во автомобилот и за момент излегла да извади пари од банкомат.

Возилото било украдено во попладневните часови, а полицијата подоцна го пронашла во реката Тејфи. Спасувачките екипи успеале да го извлечат детето од автомобилот, а потоа веднаш било префрлено во болница.

Несреќната мајка веднаш откако ѝ бил украден автомобилот се огласила на „Фејсбук“:

„Можете ли некој да пријави каква било информација за моето украдено возило. Мојата ќеркичка е внатре. Ве молам споделете“, напишала Кимберли на „Фејсбук“.

Полицијата два часа трагала по малата Кјара за на крајот конечно да го открие возилото во реката Тејфи. Спасувачите успеале да го ослободат детето, но Кимберли ја изгубила битката за живот само една недела пред да го прослави третиот роденден.

Нејзиниот татко, Џет Мур, потврдил на „Фејсбук“ дека малечката починала ноќта во болница.

Полицијата соопштила дека засега никој не е уапсен и дека истрагата е во тек. Исто така ги замолиле сите потенцијални сведоци доколку имаат  каква било информација да ја пријават.

Scroll to Top